Пет новозаразени, 95 оздравени пациенти
Пет нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани денеска, а Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Постпмортем брисот покажал присуство на вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а од петте нови случаи во Скопје се два, во Куманово еден, во Прилеп еден и во Тетово еден.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.
Во 6 градови во земјава нема повеќе активни случаи на КОВИД-19
Во Дебар нема сомнителни и активни случаи на КОВИД-19
Ситуацијата по градови е следна: Скопје 511, Куманово 401, Дебар 51, Штип 34, Прилеп 158, Тетово 86, Струга 67, Велес 77, Битола 19, Охрид 15, Кавадарци 5, Гостивар 17, Гевгелија 4, Струмица 2, Крива Паланка 5, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 31, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар 1, Македонски Брод 2,Пехчево 2, Делчево1, Валандово 1, Виница 2 лица.