Буџетот покус за 50 милиони евра, потребна поголема помош за стопанството
![Буџетот покус за 50 милиони евра, потребна поголема помош за стопанството](https://gdb.rferl.org/7E48B63A-CC46-42DD-BE5D-37710A01AB1B_w800_h450.jpg)
Буџетската дупка во првите четири месеци од годинава е 50 милиони евра поради корона-кризата. Владата досега се задолжи за скоро 500 милиони евра во странство заради справување со последиците од пандемијата на коронавирусот. Потребна е поголема помош за стопанството, вели економистот Висар Адеми.