Убиени борци на Ирак и Иран во израелски напади во Сирија
![Убиени борци на Ирак и Иран во израелски напади во Сирија](https://gdb.rferl.org/957038F8-302A-468B-A4A1-62399FCDB699_w800_h450.jpg)
Во израелските воздушни напади во источна Сирија биле убиени 14 ирански и ирачки борци. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека во нападите во пустинскиот регион во покраината Деир ал Зор чија цел биле позиции на милициите на Иран и на Иран има и повредени. Сириски државни медиуми објавија доцна дека израелските ракетни напади биле насочени кон истражувачки центар и воени депоа во Алепо. Тие не јавуваат за нападот врз покраината Деир ел Зор, која е на границата со Ирак.
Западните и израелските разузнавачки служби велат дека иранските сили и сојузничките милиции ја користат источната сириска пустина која граничи со Ирак за пренесување на борци и напредни системи за оружје за поддршка на сириската влада и либанската милитантна група Хизболах.