Путин го одликуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун
![Путин го одликуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун](https://gdb.rferl.org/B4B483AC-D721-4DAC-95A7-803E77742573_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин го одликуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Пјонгјанг, пренесе новинската агенција АП.
„Воениот медал Ким го доби поради улогата во зачувување на сеќавањето на советските војници, кои загинаа на севернокорејска територија“, се наведува во соопштението на Руската амбасада.
Рускиот амбасадор Александар Мацегора медалот го врачи на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Сон-гвон, додека Ким не присуствуваше на церемонијата.
Севернокорејскиот лидер Ким се појави во јавноста
Последните десетина дена севернокорејскиот лидер беше во најпренесуваните вести во светските медиуми по информацијата дека е тешко болен, по што тој се појави во јавност.