Отворање на границите за спас на летната сезона
Претседателот на стопанската комора за туризам Емил Димитровски очекува властите да постигнат договор со соседните земји со цел да може да се патува за време на летната сезона. Според него, тоа е возможно само доколку во најбрз можен рок се отворат и границите. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тоа нема да се случи пред јуни.