Вархеји по повод Денот на Европа- го вративме проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат
![Вархеји по повод Денот на Европа- го вративме проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат](https://gdb.rferl.org/041CE98F-055E-44B2-817B-FC93877ADA8D_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
И покрај кризата со коронавирусот, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат со нашата ревидирана методологија, што доведе до отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнува еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.
„Самитот оваа недела ја потврди европската перспектива на регионот, како и засилениот ангажман на ЕУ. Би сакал да им честитам на сите наши партнери во Северна Македонија за овие достигнувања и ви посакувам среќен Ден на Европа“, порачува Вархеји.
Вархеји - Преговарачка рамка за С. Македонија во јуни
Денот на Европа, псосочува еврокомесарот, годинава го славиме во вонредни времиња на глобална пандемија на коронавирус.
„Во оваа невидена криза ЕУ реагираше брзо за да го заштити животот на луѓето, да ги зајакне здравствените системи и да ги ублажи социо-економските влијанија. Дејствуваме и на глобално ниво: од поддршка на напорите за брзо развивање на вакцина, до активности за солидарност со нашите партнери, почнувајчи од Западен Балкан. Како ЕУ обезбедивме финансиска поддршка и ги вклучивме партнерите од регионот во иницијативите на земјите членки“, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.