Лекарска комора моли: Останете дома, не се групирајте
Лекарската комора преку соопштение „ги моли граѓаните без поголема потреба да не ги напуштаат своите домови и да не се собираат и групираат“, бидејќи почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.
„Посебен апел Комората упатува до оние кои сѐ уште не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата во којашто сите заедно се наоѓаме. Посебно да се почитува мерката со која се забранува собирање во група не повеќе од две лица, во паркови и други јавни места и јавни површини“, апелира Лекарската комора.
Зошто повторно расте бројот на заболени од корона?
Мерките, потенцираат лекарите, мора да се почитуваат, бидејќи од тоа зависи како и кога ќе се справиме со овој предизвик.