Денеска ново рочиште за „27 април“
![Денеска ново рочиште за „27 април“](https://gdb.rferl.org/4510F4EC-4325-418C-8A7B-E24502A3B436_w800_h450.jpg)
Денеска продолжува судењето за упадот и насилствата во Собранието од 2017 година, познат како „27 април“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат Михаил Младеновски и Сашко Коцевски.
ЗНМ: Поднесени тужби за нападите врз новинари на 27 април
Во случајот, обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, поранешните министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Обвинителка во случајот е Вилма Русковска.