„Кинопис“ го започнува својот дигитален живот
Кинотеката на Македонија, не многу по најавата на проектот за дигитализација, деновиве ги направи достапни на својата интернет страница сите досега издадени броеви на „Кинопис“ - списанието за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности.