И во Битола ќе се врши тестирање за коронавирус
Во Битола се опремува лабораторија во која ќе се врши тестирања за КОВИД-19. Општината донира пари за обезбедување просторни услови, а компанијата „Кромберг и Шуберт“ ќе набави апарат во износ од 1,8 милиони денари. Битола ќе биде единствениот град надвор од Скопје во кој ќе може да се вршат вакви тестирања.