Приведени 58 лица за прекршување на полицискиот час
![Приведени 58 лица за прекршување на полицискиот час](https://gdb.rferl.org/E0D95665-24A5-4972-B713-3759E133E47A_cx16_cy16_cw84_w800_h450.jpg)
Во последното деноноќие на ниво на цела држава МВР регистрирало 77 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци, соопшти МВР.
Член на обезбедувањето на Пендаровски позитивен на Ковид-19
„За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.