Меркел и Макрон на средба за „Француско-германска иницијатива“
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон попладнево во 15.30 часот ќе имаат видео-средба непосредно пред да ја претстават заедничката „Француско-германска иницијатива“, фокусирајќи се особено на прашањето за здравството и закрепнувањето на економијата, јави МИА.
Еднакво заздравување на европската економија за спречување нова криза
Кога ќе има втор бран на коронавирусот?
По разговорот тие треба да одржат заедничка прес конференција, а се очекува да биде објавена и заедничка декларација. Според Елисејската палата, таа заедничка иницијатива „ќе се фокусира на здравството, економското закрепнување, еколошката и дигиталната транзиција и индустрискиот суверенитет“.