Најмалку 97 загинати и двајца преживеани при авионска несреќа во Карачи
![Најмалку 97 загинати и двајца преживеани при авионска несреќа во Карачи](https://gdb.rferl.org/1CD8F7AD-4907-4193-99B3-84562A2EDE47_w800_h450.jpg)
Во авионската несреќа што се случи вчера во Карачи, загинале 97 луѓе, потврдија денеска пакистанските власти. Во авионската несреќа преживеале само две лица. Авионот превезувал 91 патник и 8 членови на екипажот. Пакистанското министерство за здравство соопшти дека идентификувани се телата на починатите и истите се извлечени од местото на несреќата. Пакистанскиот авион „Ербас А320“, се урна во населено место непосредно пред да слета на аеродромот во Карачи.