Силно невреме во Индија, стотина загинати
Најмалку стотина луѓе загинаа, а речиси милион се раселени откако циклонот Амфан ги погоди источниот дел на Индија и Бангладеш, соопштија властите. Невремето кое беше едно од посилните во изминативе десетина години, го погоди регионот со поројни дождови и невреме.
Според последните податоци најмалку 80 луѓе до сега загинале во западниот дел на регионот Бенгал, додека локалните медиуми јавуваат дека во Бангладеш бројот на загинати изнесува 22.
Невремето предизвика и проблеми во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, а уништи и голем број на домовi и земјоделски поседи. Локалните власти во западен Бегал соопштија дека невремето треба да се третира како национална катастрофа и побараа помош од индиската сојузна влада. Според досегашната проценка на регионалните власти штетата изнесува 13 милијарди долари и дека со невремето се погодени околу 15 милиони луѓе, а над милион куќи се уништени.