Албанија од 1 јуни ги отвора границите
![Албанија од 1 јуни ги отвора границите](https://gdb.rferl.org/D19C3AEA-098B-439B-B1E5-E5308E6F5C0B_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи на 1 јуни, додека јавните плажи ќе бидат отворени десетина дена подоцна.
Тој рече дека Албанија ќе ги отвори границите од 1 јуни за сите Албанци кои живеат во соседните земји, а кои имаат државјанство на тие земји – Србија, Северна Македонија и Црна Гора.
Рама додаде дека јавните плажи ќе бидат отворени на 10 јуни и дека процесот на средување на плажите ќе биде завршен овој викенд.
На Балканот опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19