Тим на „Ербас“ ќе ја истражува несреќата на авионот на ПЛА
![Тим на „Ербас“ ќе ја истражува несреќата на авионот на ПЛА](https://gdb.rferl.org/72CAA125-6D13-4D60-B6C8-B2D8A441F6DF_w800_h450.jpg)
Експерти од компанијата „Ербас“ пристигнаа во Пакистан за да учествуваат во истрагата за авионската несреќа во која загинаа 97 луѓе, соопштија официјални лица, пренесе АП.
„Ербас испрати тим од 11 експерти за да обезбеди техничка помош на Комисијата за истраги на несреќи. ПЛА ќе им помогне на Комисијата и тимот на Ербас да ја утврдат вистинската причина за несреќата“, рече Абдула Хафиз Кан, портпарол на пакистанската авиокомпанија ПЛА, на чиј лет во Карачи се урна авионот на „Ербас”.
Авионот на ПЛА , Ербас А320, се урна врз населена улица, во близина на аеродромот. Во авионот имаше 108 патници и членови на екипажот. Преживеаја двајца патници.