Полицискиот час завршува, кафеаните почнуваат
![Полицискиот час завршува, кафеаните почнуваат](https://gdb.rferl.org/B3917424-1496-4FC5-B7B2-ED3774172685_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Нема полициски час, се отвораат терасите на кафулињата и рестораните, се укинува државниот карантин за македонски државјани кои доаѓаат во земјата, одлучи Владата. Дел од рестриктивнте мерки се укинуваат, но меките мерки остануваат во сила, оти вирусот е се уште тука и граѓаните мора да научат да живеат со него, велат властите.