Издадени 264 решенија за изолација, 562 прекршоци за неносење заштитна маска
Во изминатото деноноќие во земјава им се издадени решенија за изолација на 264 лица, додека 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека по едно лице не на почитувало мерката за изолација и самоизолација.
Во однос на мерките за носење на лична заштита на лице регистрирани се 562 прекршоци.