Регистрирани 673 прекршоци за неносење маски
Полицијата констатирала вкупно 673 прекршоци по однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на територијата на цела држава во изминатите 24 часа.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на социјалните мрежи соопшти дека во земјава на 91 лице им се издадени решенија за изолација, додека 78 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полициските службеници извршиле и контроли кај лица во излоација и самоизолација, при што не се евидентирани граѓани кои не ги почитувале мерките.
Чулев вели дека МВР и натаму ги презема неопходните активности кои се однесуваат на почитување на мерките на Владата насочени кон справување со пандемијата на короонавирусот.