Путин апелира до Русите да гласаат на референдумот
![Путин апелира до Русите да гласаат на референдумот](https://gdb.rferl.org/454c18d7-6145-4ea1-b699-9ddc7a835151_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин упати последен апел до Русите да излезат и да гласаат за контроверзните измени на Уставот со коиможе да остане на власт до 2036 година. Тој порача дека со гласањето на референдумот Русите не гласат само за амандмани, туку за земјата во која сакаат да живеат тие и нивните деца. Путин во телевизиското обраќање на еден ден пред завршувањето на еднонеделното гласање истакна дека Русите со гласањето на предложените уставни измени ќе помогнат во како што вели, засилувањето на Русија и традиционалните вредности и принципи.
Според досегашните правила во Русија, на претседателот му е забрането да бара трет последователен шест годишен мандат. Но доколку се одобрат уставните измени ќе се отвори патот Путин да може да се кандидира во 2024 и повторно во 2030 година. 67 годишниот руски лидер во изминативе две децении без прекин е на власт, делумно како претседател, а делумно како премиер.
За три дена на референдумот во Русија одѕивот над 28 проценти
Околу 9 отсто одѕив на првиот ден од референдумот во Русија