Столтенберг: НАТО мора да има поглобален пристап
![Столтенберг: НАТО мора да има поглобален пристап](https://gdb.rferl.org/A311290D-2A47-421F-BD9F-A522A5F0B000_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Ковид-19, тероризам и подемот на Кина се дел од причините поради кои НАТО мора во наредните десетина години да стане поглобално, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговото денешно излагање на германскиот институт за глобални и подрачни студии. Ковид -19 предизвика глобална криза која што покажува како нешто што почна на другиот крај на светот може да има сериозни последици врз сите, и врз НАТО. Главната задача на НАТО во време на пандемијата беше здравствената криза да не се претвори во безбедносна посочи Столтенберг.
„Ние го направивме она што е неопходно за да ги задржиме нашите сили безбедни и да ја одржиме оперативната подготвеност. Од борбените групи на Балктикот до борбата против тероризмот во Авганистан.. Во меѓувреме беа реализирани околу 350 летови со кои беа испорачани стотици тони критични резерви низ целиот свет. Во рамките на Алијансата, речиси половина милион војници го поддржаа цивилниот одговор, помогнаа во конструирање на речиси 100 теренски болници, како и при обезбедување на граници и тестирање“ рече Столтеберг.
Тој додаде дека НАТО во моментов се подготвува за можен втор бран на корона вирусот и договорен е оперативен план за поддршка на сојузниците и партнерите на алијансата, како што е нова залиха на медицинска опрема и материјали, како и нов фонд кои ќе овозможи брзо да се добијат набавките и услугите. Во својот говор тој истакна дека коронавирусот на виделина ги покажа и слабостите како што е зголемувањето на дезинформациите и пропагандата, дури инсинуирајќи дека сојузниците на НАТО се одговорни за вирусот, и дека авторитарните режими се подобри од демократиите во чувањето на луѓето безбедни.
Втората причина зошто на НАТО му е потребен глобален пристап е нестабилноста и тероризмост надвор од границите на Алијансата, а една од научените лекции е Авганистан каде што Германија ја има водечката улога. Столтенберг посочува дека превенцијата е секогаш подобра од интервенцијата и дека со фокусирање на обука и градење на локален капацитет може да се намали веројатноста од потребата за интервенција.
Како трета причина зошто НАТО мора преземе поглобален пристап е подемот на Кина која наскоро ќе стане и најголемата економија во светот и е втора на листата на земји со најголем светски буџет за одбрана, како и тоа што станува светски лидер во новите технологии.
Тој истакна дека подемот на Кина е можност и за трговијата и за економијата на земјите членки на НАТО, затоа што Кина не е противник на НАТО, но мора да се разбере што тоа ќе значи за земјите членки на НАТО.
„Јасно е дека Кина не ги дели нашите вредности, демократија, слободна и владеење на право. Ова го гледаме во Хонг Конг, каде што новиот закон за безбедност ја поткопува неговата автономија, и слободата на граѓаните, со затворање на десетици илјади луѓе во таканаречените „кампови за превоспитување“. Со употребата на вештачката интелигенција и програми за препознавање на лицата, може да се следат и контролираат кинеските граѓани,“ изјави Столтенберг.
Тој истакна дека целта на „НАТО 2030 “ е Алијанса да биде воено и политички посилна со поглобален пристап. Според него најдобриот начин да се справат со овие предизвици е Европа и Северна Америка да продолжат за стојат заедно, а НАТО да преземе поглобален пристап.