Ангеловска: Економијата се ревитализира, буџетот ликвиден
![Ангеловска: Економијата се ревитализира, буџетот ликвиден](https://gdb.rferl.org/4A0A925C-E095-4C39-8959-14F8539FB80A_w800_h450.jpg)
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска оцени дека реализацијата на вкупните приходи во буџетот е подобра од очекувањата. Според неа, во јуни таа е пониска за 9,6 отсто во однос на јуни минатата година, а во сценариото бевме подотвени за 20 проценти пониски приходи.
Се отвори бизнисот, порасна бројот на заболени од Ковид-19
На денешната прес-конференција, Ангеловска оцени дека и покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија, во услови на справување со КОВИД-19, извршувањето на буџетот се одвива по план, а ликвидноста е обезбедена. Министерката потенцираше дека преземените мерки даваат резултат и очекува и во третиот и четвриот квартал од годинава постепено опоравување на домашната економија, кое ќе биде поддржано од реализација на третиот сет мерки наменети за заживување на економската активност.