Загадениот воздух може да ја зголеми смртноста од Ковид-19
![Загадениот воздух може да ја зголеми смртноста од Ковид-19](https://gdb.rferl.org/320A6164-302C-4A13-9D3D-6311A6B5BA8E_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Долгорочна изложеност на загаден воздух може да биде значаен фактор за смртност од коронавирусот, покажуваат универзитетски студии. Македонија е една од земјите со најзагаден воздух во Европа, но властите засега не најавуваат дополнителни мерки вон оние во Планот за чист воздух.