Колективниот договор во културата почнува со примена од јули
![Колективниот договор во културата почнува со примена од јули](https://gdb.rferl.org/E94D66C8-4D9D-4FF7-969B-08F2687EAD9D_w800_h450.jpg)
Платите во културата за јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор. На средбата одржана меѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот на култура е договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.
Колективниот договор за културата беше склучен на 30 декември 2019 година.
Чекајќи ги Законот и Колективниот договор – културата на дното
Како што соопшти Министерството за култура, со членот 130 беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.