Макрон денеска ја претставува новата Влада
![Макрон денеска ја претставува новата Влада](https://gdb.rferl.org/7E6C91C6-C32E-4ACC-9EFF-C89C4278B1E2_cx0_cy11_cw62_w800_h450.jpg)
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го претстави составот на новата влада чија главна цел е да и се помогне на економијата во најтешката криза во државата од Втората светска војна. Францускиот премиер Едуар Филип минатата недела поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс.
Франција доби нов премиер
Економијата на државата е во историска рецесија по кризата со коронавирусот. Макрон објави на Твитер дека е непходен „нов пат“ и наведе дел од приоритетите на новата влада – економијата, промени во системот на социјална заштита и животна средина и заштита на европскиот суверенитет.