„Монструм“ одложен за 26 август
![„Монструм“ одложен за 26 август](https://gdb.rferl.org/4BADDEBA-97EA-4C5B-A438-3856F706CA02_w800_h450.jpg)
Денешното рочиште за случајот „Монструм“ е закажано на 26 август годинава, откако денешното судење беше одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, информираше Суд.
„Монструм“ да заврши до септември, договорени 9 рочишта
Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Повторениот судски процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.