До утре пријавување за гласање на корона позитивните
![До утре пријавување за гласање на корона позитивните](https://gdb.rferl.org/AC1E4F34-5AD9-49BD-9CB1-BA0AD907E918_w800_h450.jpg)
Лицата кои се наоѓаат во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 или им е одредена изолација имаат рок до утре да се пријават за гласање, кое, согласно протоколите за заштита од коронавирусот, ќе се спроведе на 13 јули.
Лицата во изолација и позитивните на Ковид-19 кои сакаат да гласаат треба преку полномошник или по електронски пат да достават известување и копија од решение за карантин или самоизолација, издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, до Општинската изборна комисија во местото каде постојано живеат.
На 15-ти безбедно ќе се гласа, убедува Филипче
На денот кога овие лица ќе гласаат, посебни избирачки одбори ќе ги посетат и гласањето ќе биде спроведено според посебни строги протоколи за заштита од коронавирусот.