Мелбурн од денеска во 6-неделен корона карантин
Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, повторно ќе биде ставен под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус. Повторното воведување на ограничувањата за излегување од дома ќе биде за шест недели, пренесе АП.
„Ситуацијата со коронавирусот сега е покомплицирана од пред неколку месеци. Мора да се преземат строги мерки за да се избегне трагедија“, рече Ендрус.
Границата помеѓу двете најнаселени австралиски држави, Викторија и Нов Јужен Велс, од денескае затворена за да се спречи ширењето на Ковид-19.