Вучиќ најави полициски час за викендот во Белград
![Вучиќ најави полициски час за викендот во Белград](https://gdb.rferl.org/A1042933-81D0-4025-8CE5-EDB1A0CB00E3_w800_h450.jpg)
Од среда 8 јули во Белград ќе биде забрането секое јавно собирање на повеќе од 5 лица и во затворени простории и на отворено, а од петок до понеделник се воведува полициски час, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Мерките се воведуваат заради влошена епидемиолошка ситуација поради епидемијата на коронавирусот, а ситуацијата според Вучиќ е најтешка во Белград.
Тој објасни дека ќе биде овозможено во одредени моменти излез на мајки со деца, пензионери и сопственици на домашни миленици.
„Најтешкиот бран на коронавирусот го очекуваме околу 1 ноември“, рече Вучиќ.