Возови се судрија кај чешко-германската граница
![Возови се судрија кај чешко-германската граница](https://gdb.rferl.org/E7BB4F49-A221-4603-9065-D7C77A6B428D_cx2_cy0_cw90_w800_h450.jpg)
Два патнички воза се судрија во близина на Карлови Вари во запдниот дел на Република Чешка, при што загинаа најмалку две лица и неколку други се повредени.
Локалните мдиуми јавуваат дека чешките и германските служби за итни случаи реагирале со испраќање екипи на терен, вклучително медицински хеликоптери за третман и евакуација на жртвите од денешната несреќа.
Возовите се движеле во спротивни насоки во оддалечен шимски дел од патеката меѓу чешкиот град Карлови Вари и германската пограничен град Јохангеоргенштад во Саксонија, а несреќата се случила околу 3 часот попладне по локално време.
Сударот се случил околу 600 метри од железничката станица Пернинк, високо на планината Оре на чешко-германската граница.
Теренот и ограничениот пристап до патот наводно ги компликува напорите за спасување.
Чешката Телевизија го цитираше портпаролот на регионалните медицински власти Радек Хес како вели дека најмалку две лица загинале и 20 до 30 лица се повредени.
Други извори сугерираат дека бројот на загинати може да биде поголем и дека некои од повредените се во сериозна состојба.