Во Грција се укинува носењето маска во молови
![Во Грција се укинува носењето маска во молови](https://gdb.rferl.org/54587E95-32A2-4681-B0D6-D503E0410EC7_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Посетителите на моловите и трговските центри во Грција повеќе не се обврзани да носат заштитна маска, додека пак во кафулињата и угостителските објекти нема ограничувања на бројот на гости на една маса, согласно новата заедничка министерска одлука.
Носењето маска останува задолжително за вработените во моловите.
Во Грција, и понатаму, сите оние кои користат јавен превоз, авиони, бродови, траекти, возови, обврзани се да носат заштитна маска.
Во истата министерска одлука, се укинува и ограничувањето, на масите во кафулињата и угостителските објекти да има најмногу шест лица, а продолжуваат да важат правилата и мерките за растојание помеѓу масите и бројот на гости во зависност од големината на површината.