15 јули ќе биде неработен ден и нема да се одработува
![15 јули ќе биде неработен ден и нема да се одработува](https://gdb.rferl.org/31F22635-3071-4C6A-962D-59CE14EDD53D_cx0_cy14_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на предвремените парламентарни избори. неработниот ден нема да се одработува.
„Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни избори“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
На 15-ти безбедно ќе се гласа, убедува Филипче
Гласање ќе се спроведува и на 13 и 14 јули, но тие два дена нема да бидат неработни. На 13 јули ќе гласаат позитивните на Ковид-19 и лицата во изолација, а на 14 болните и изнемоштените, затворениците и припадниците на армијата.