За гласање се пријавиле 697 лица во изолација и позитивни на Ковид-19
Државната изборна комисија денеска информираше дека до полноќ, кога истече рокот, за гласање на парламентарните избори, во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, а за гласање се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично болни.
Лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе гласаат на 13 јули во нивните домови. Немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули.
Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи
Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласање.Се уште трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор. Рокот за тоа завршува на 11 јули.
На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.