Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

Насилството во училиштата како општествен проблем

0
Насилството во училиштата како општествен проблем

Првата детска амбасада „Меѓаши“, по спроведеното истражување „Насилство во училиштата и меѓуетничките односи“, заклучи дека „се забележува тренд на зголемување на прифаќањето на оправданоста на решавањето на проблемите во општеството преку насилство“.

„Пријавени се дури 22 различни видови на насилство во училиште, од кои најзастапено е навредувањето и исмевањето 88%, што укажува на негативно влијание на формирањето на општата клима во училиштата, потоа следи уништување на училишниот инвентар со 84% – што може да укажува дека ученичките кои се сторители на вакви форми на однесување се „полни“ со фрустрации, кои не можат да ги манифестираат на друг начин и механизмот фрустрација – агресија се проектира на предметниот свет околу нив и го искажуваат на овој начин. Образовниот систем не развива вештини за справување со агресија, не ги учи учениците дека лутината не мора да се изрази преку демолирање на предмети“, соопштуваат од Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Тие спроведоа анализа со 3 истражувања во период од девет години (2011, 2012 и 2019 година) на примерок од 400 ученици и наставници. Целта на анализата е да се согледаат ефектите од имплементацијата на Програмата за мировно образование. Програмата се спроведува во над 20 воспитно образовани установи од кои повеќето се средни училишта и подразбира мрежа од над 200 наставнички и наставници вклучени во различни обуки за зајакнување на нивните капацитети, кои реализираат голем број активности во училиштата.

„Тепачки меѓу учениците (82%) се на трето место и нема значајна разлика во однос на состав и локација на училиштата, а најмногу се случуваат во училишниот двор (60%), заради помала видливост од страна на возрасните. Навредувањето на линија наставник – ученик и ученик – наставник е на четврто и петто место на листата. Наставниците во своите едукации не стекнуваат свесност и вештини за справување со лутина и разрешување на конфликти, кои се основа за една зрела и професионална комуникација. Од друга страна, неказнивоста, непостоењето на механизми, законски акти и притисокот врз наставниците од страна на родителите и средината, често пати ги става и наставниците во улога на жртви на учениците и образовниот систем“, наведуваат од „Меѓаши“ и дополнуваат дека како причини за насилно однесување меѓу учениците најчесто се наведуваат провокациите со 61 процент, омразата или одмаздата со 60 отсто, одбрана на другар или другарка со 46 проценти, љубомора со 43 отсто, лошото друштво со 43 проценти и самоодбраната со 41 отсто.

Од „Меѓаши“ додаваат дека, според анализата, „училиштата не се доволно препознаени од учениците како места на кои можат да побараат помош во случај на изложеност на насилство“. Па така, 62 проценти никогаш не се обраќаат на директорот на училиштето, 50 отсто не се обраќаат на друг наставник, 42 проценти на педагог или психолог, 43 отсто на раководител и 31 процент на соученик.

„За крај охрабрувачки податок дека над 60 % од испитаните наставници проценувата дека насилството е намалено во 2019г. во однос на 2011та и 2012та година“, велат од „Меѓаши“.

За двегодишнината од Сојузот на средношколците, кои истакнуваат дека алармантно е врсничкото насилство, разговаравме со претседателот Бленди Ходаи.

„Врсничкото насилство е алармантен проблем, за чие решавање треба да се навлезе длабоко во причините на истото. Конфликтите кај младите се случуваат поради разликите кои ги имаат тие, што често се проследени со насилство. За да се намали врсничкото насилство и говорот на омраза меѓу младите треба да се работи на поткревање на свеста за етничките, културолошките разлики и да се обрне внимание на прифаќање на истите. Младите треба да се едуцираат на многу различни теми меѓу кои и ненасилна комуникација, родови разлики, стереотипи и предрасуди, прифаќање на минатото, сексуално здравје, ментално здравје, зависности и многу други кои влијаат на причините за насилство. Исто така би требало да се зајакне стручната служба во училиштата и да се оспособат да даваат поддршка на жртвите од насилство, но и да работат со насилниците кои ја напаѓаат жртвата поради некоја причина што доаѓа како траума или неправилен развој на детето“, изјави Ходаи.

Истовремено, ученици од скопската гимназија „Никола Карев“ веќе две години учествуваат во проект за врсничка медијација. Ученици ги користат вештините што ги стекнале на обуките кои се дел од проектот за да посредуваат за решавање на конфликтите меѓу нивните врсници.

„Често се случува во училница, на пример за време на одмор две лица да се скараат. Еве конкретно се случило и јас ги искористив вештините кои ги стекнавме на обуките за процесот на медијација за да можам да им помогнам да се смират. Беше доста жестоко, но подоцна со разговор целата ситуација се смири“, вели средношколецот Кристијан Поповски.

Физичкото насилство во нивното училиште е поретко, а почести се другите посуптилни форми на врсничко насилство – навредување, исмејување, социјално исклучување, или сајбер булинг, односно насилство на интернет.

„Не секогаш можат да не сфатат сериозно, но кога ќе видат некој пример каде што сме успеале да решиме некој проблем или да помогнеме, тогаш всушност сфаќаат дека можеме да им помогнеме на сите“, вели средношколката Мила Јовановиќ.

Според статистиката на УНИЦЕФ пак, 42 отсто од учениците во земјава на возраст од 13 до 15 години пријавиле дека доживеале некој тип врсничко насилство.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о росте турпотока из Китая



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

В сказке театра кукол Ульгэр приключения и опасности, интересные знакомства и встречи - Театр и Цирк, Культура и Концерт, Россия и Дети




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск


WTA

Самсонова выиграла турнир WTA в Хертогенбосхе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Кирилл Скачков

Кирилл Скачков из Новокузнецка стал победителем Игр стран БРИКС-2024



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России