Османи бара да се продолжи времето за регистрација на лицата во изолација
![Османи бара да се продолжи времето за регистрација на лицата во изолација](https://gdb.rferl.org/9B8D67FF-478B-4364-9734-12B21967F609_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, бара од Уставниот Суд на Република Северна Македонија да го продолжи времето за регистрација на лица во изолација. Во својот говор пред жителите на населба Ченто во Скопје, тој рече дека мора да гарантираат безбедни избори и право за глас за секој граѓанин.
„Досега, ниту една десетина од лицата во карантин, не се регистрирани да гласаат во одредените места. Ова е неуспех од кој што мора да извлечеме заклучоци“, рече Османи, додавајќи дека слабата регистрација е предупредување за слабото учество на гласачите во овие избори и дека ова е прашање што мора да се реши.
За гласање се пријавиле 697 лица во изолација и позитивни на Ковид-19
Државната изборна комисија денеска информираше дека до полноќ, кога истече рокот, за гласање на парламентарните избори, во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, а за гласање се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично болни. Според последните информации од Министерството за здравство до денеска во Македонија има 3586 активни случаи на заболени од Ковид19.