Регистрирани 422 прекршоци за неносење заштита на лице
![Регистрирани 422 прекршоци за неносење заштита на лице](https://gdb.rferl.org/737D82D4-CDA1-4447-B80D-E3A79EC71782_cx34_cy9_cw66_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие (9-10 јули) на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 422 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.