Таравари - Во предност сме, очекуваме победа
![Таравари - Во предност сме, очекуваме победа](https://gdb.rferl.org/23C7E302-783F-4B06-AEC8-2B57AAF1FFFB_w800_h450.jpg)
Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека информациите, што ги имаат од нивните штабови, покажуваат дека се во предност и очекуваат победа. Но, според него, ова биле најнекоректни избори.
„Трендот е во наша предност. Сме биле под притисок од три страни и тие соработувале за да не оштетат нас. Ние сме оштетена страна во овој изборен процес“, рече Таравари.
Тој очекува лидерите на партиите да излезат за кратко и да ги кажат конечните резултати.