Нови 164 заболени од ковид-19, пет лица починаа
Во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 информираат од Министерството за здравство. Најмногу од новозаболените се во Скопје 59, а потоа следуваат Свети Николе 23, Дебар 18, Штип 17, Куманово 12, Гостивар девет, Тетово, Струга и Кичево по шест новозаболени, Кавадарци и Пробиштип по двајца и во Прилеп, Битола, Демир Хисар и Ресен по еден новозаболен.
Од Министерството информираа и дека се починати пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од од кои најмногу во Скопје-42.
Инаку досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.