Мост: Изборите беа во фер и демократска атмосфера
![Мост: Изборите беа во фер и демократска атмосфера](https://gdb.rferl.org/A18A399E-F6FB-4F9A-9028-EACB37CCD85A_w800_h450.jpg)
Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Изборната администрацијата ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради пандемијата со КОВИД-19 со што граѓаните можеа безбедно да го остварат своето право на глас. Ова е прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација МОСТ за предвремените парламентарни избори.
Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои, како што рече, не влијае на квалитетот на изборниот процес.
ДИК - изборни резултати, мандати, хакирања, реакции и оценки
„Изборната кампања генерално помина во релаксирана атмосфера и овојпат не беа забележани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе, што го продолжува трендот на подобрување во последните неколку изборни циклуси. Исклучок претставуваат случаите на црна и негативна кампања, како и користењето на националистичка реторика“, рече Алексов.