1000 приговори за претседателските избори во Полска
![1000 приговори за претседателските избори во Полска](https://gdb.rferl.org/3B01A392-50EF-4816-B379-C143186B93F8_w800_h450.jpg)
По претседателските избори во Полска, што се одржаа на 12 јули, кога кандидатот на владеачката партија Право и Правда, актуелниот претседател Анджеј Дуда, беше реизбран со разлика од два проценти, до Врховниот суд пристигнаа речиси 1.000 приговори, што е 15 пати повеќе отколку во 2015 година, на претходните избори, пренесе АП.
Рокот за поднесување приговор на изборите беше до вчера на полноќ, а пријава поднеле најмалку 930 политички субјекти и граѓани на Полска.
Полската опозиција ќе го оспори резултатот од изборите за претседател
„Лично имам интуиција дека приговорите ќе бидат помеѓу 1.000 и 2.000“, изјави портпаролот на Врховниот суд, судијата Александер Стемпковски, и додаде дека не гледа проблем судот да ги реши сите приговори до 3 август, што е законски рок.
Противкандидат на Дуда на изборите му беше Рафал Трасковски, градоначалникот на Варшава и заменик претседател на опозициската Граѓанска платформа.