Австралискиот парламент ја суспендираше работата поради коронавирусот
Австралискиот парламент ја суспендираше работата за следните две недели за пратениците да не се заразат од коронавирусот, изјави денеска премиерот Скот Морисон.
Одлуката е донесена бидејќи на 17 јули во Мелбурн беа регистрирани повеќе од 400 заразени од коронавирусот и покрај повторно воведениот карантин пред една недела.
Морисон изјави дека владата не може да го игнорира ризикот од зараза на пратениците кои заседаваат во Канбери. Епидемијата засега е под контрола во главниот град, но зголемен број на заразени е забележан во Сиднеј и Мелбурн.
Во Австралија, каде има околу 25 милиони жители, заразени се 11.400 луѓе од кои 118 починаа.