Макрон: Има напредок за планот за закрепнување на ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази надеж дека може да се постигне компромис во врска со планот за закрепнување на Европската унија. Пред продолжувањето на самитот, тој рече дека преговорите напредувале.
„Имаше затегнати моменти, но работите напредуваа и најверојатно се доближуваме до компромис“, рече Макрон.
Курц и Руте оптимисти по маратонските преговори на ЕУ
Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори кои синоќа траеја и по полноќ во Брисел, во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.