Пациентите да не избегнуваат прегледи заради коронавирусот
Луѓето кои имаат карцином не се изложени на поголем ризик да бидат нападнати од коронавирусот, но тие се изложени на посериозен ризик од потешко разболување доколку се заразат, вели д-р Микаел Секерес, директор на Одделот за леукемија на Клиниката за хематологија и онкологија во Кливленд, за Радио Слободна Европа.
Тој во интервју со новинарката на РСЕ Валона Тела исто така, оценува дека е крајно загрижувачки тоа што заради коронавирусот пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи.