Илир Мета нема да биде разрешен
Прекршувањата направени од претседателот Илир Мета, во форма на дејствија или пропусти, не се доволни за да се предложи разрешување на претседателот на пленарна седница на Парламентот.
Ова е заклучокот постигнат во финалниот извештај, изгласан денеска од страна на парламентарната анкетна комисија, формирана да ја испита законитоста на дејствијата што ги направил претседателот на државата во остварувањето на неговите овластувања, поврзани со спроведување на локалните избори, како и да се контролира законитоста на неговите постапки при именувањето на уставните судии.
Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател
Претседателот на комисијата, Улси Мања најави дека извештајот и заклучоците ќе биде доставени до Собранието во рок од една недела.
Анкетната комисија сугерира измена на законот со кој се објаснува и проценува важноста на прекршувањата за неорганизирање официјални заклетви за членови на Уставниот суд.
Парламентарното мнозинство, што беше поддржано и од дел на опозициските пратеници, по барање на СП формира анкетна комисија за смена на Мета откако тој ја поништи уредбата со која прво локалните избори ги закажа за 30 јуни, па ги презакажа за 13 октомври. Локалните избори, сепак, се одржаа на 30 јуни на кои учествуваше само коалицијата предводена од СП, а опозицијата ги бојкотираше, па од 61 нов градоначалник дури 60 се од СП.
Социјалистите обвинија и дека Мета ги прекршил уставните надлежности при давањето заклетва на уставните судии.