Во Хрватска утре конститутивна седница на Саборот
![Во Хрватска утре конститутивна седница на Саборот](https://gdb.rferl.org/3D319F0C-CE32-4120-9460-5DBB287714AD_w800_h450.jpg)
Во Хрватска утре ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата. Седницата ќе се одржи по 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки.
Саборот до крајот на неделата треба да ја потврди новата хрватска Влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16 наместо досегашните 20 ресори.
Својата прва конститутивна седница Саборот ќе ја одржи почитувајќи ги епидемиолошките мерки, сите ќе носат заштитни маски, а ќе биде обезбедена и неопходната физичка дистанца.
Избори во Хрватска- победа на ХДЗ, слаба излезност
На изборите на 6 јули во Хрватска победи владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј, а на второ место е нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП).