Бочварски: Во Штип има трет корона бран
![Бочварски: Во Штип има трет корона бран](https://gdb.rferl.org/0869A285-63C5-427B-A420-B285B573CD68_w800_h450.jpg)
Штип во моментов го има третиот бран на Ковид- 19, што го зголемува бројот на новозаразени. Во овој момент во Штипската клиничка болница имаме 50 заразени лица, а 579 лица се во изолација, изјави на денешната прес-конференција, штипскиот градоначалник Благој Бочварски.
Тој вели дека бројката сама по себе говори дека ваквата состојба не само што не смее да се потцени, туку и мора да се вклучи алармот на дополнителна внимателност.
„Мора да се стават сите капацитети во функција, но мора и сите граѓани да се придружат и да ја дадат својата максимална поддршка во справувањето со овој нов бран“, рече Бочварски.