Софија бара Анкара да ги почитува добрососедските правила
![Софија бара Анкара да ги почитува добрососедските правила](https://gdb.rferl.org/A7FAB324-965D-4137-B4E8-1451C31AACB6_w800_h450.jpg)
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на својата посета на Атина ја повика Турција „да го почитува меѓународното право и правилата за добрососедство“ алудирајќи натензиите во Средоземното Море.
„Зголемувањето на тензиите во источниот Медитеран претставува опасност за целата Европска Унија“, изјави таа на прес-конференција со нејзиниот грчки колега Никос Дендијас.
САД: Турција да ги прекине гасните истражувања во кипарските води
Грчката воена морнарица беше подигната во знак на тревога минатата недела, откако Турција испрати воени бродови на блискиот источен грчки остров Кастелориза, за да придружува брод во потрага по природен гас.
„Анкара продолжува да го одржува (својот) нелегален план, во кој се вклучени делови од грчкиот епиконтинентален појас“, рече денеска портпаролот на грчката влада Стелос Пецас, иако како што истакна, турскиот истражувачки брод е веќе закотвен и (турските) воени бродови се повлекуваат. Грција сака да има комуникациски канали со Турција, секогаш во рамките на меѓународното право и добрососедските односи“, додаде тој.
Бугарската министерка изјави дека секој спор може да се реши преку дијалог.
„Турција е нашиот најважен сосед и имаме интерес да одржуваме добри односи. Но, таа (Турција) мора да дејствува во рамките на меѓународното право“, истакна Захариева. Таа исто така додаде дека ја дели грчката „болка“ поради повторното претворање на музејот „Аја Софија“ во џамија.
Прва муслиманска молитва во Аја Софија