Синдикатот бара итно бесплатено тестирање на полицајците за Ковид-19
![Синдикатот бара итно бесплатено тестирање на полицајците за Ковид-19](https://gdb.rferl.org/737D82D4-CDA1-4447-B80D-E3A79EC71782_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара веднаш да се обезбедат бесплатни тестови со кои ќе се изврши скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на случаи на лица кои веќе го прележале корона вирусот.
„Како Синдикат неодложно бараме доколку е во можност Министерството, а доколку не, владата веднаш да обезбеди бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период, а потоа и за сите други со цел да се види опфатеноста на полициските службеници со овој вирус, идентификување на бројот на асимптоматски случаи кои во голем број се присутни помеѓу припадниците на МВР. Имено, истите се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми, а од друга страна го пренесуваат на други лица, како и мапирање на случаи и лица кои веќе го прележале, а не ни знаат“, се вели соопштение од Синдикатот на полицијата.
Регистрирани 329 прекршоци за неносење маска за лице
Од Синдикатот додаваат дека до нив секојдневно стигнуваат информации дека во редовите на МВР има нови позитивни случаи, но и случаи во кои полициските службеници се сомневаат дека се заразени.