Продолжува етапната исплата на пензиите
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека исплатата на пензии за јули почнува од утре, со што продолжува предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, а како дел од мерките за поголема заштита на пензионерите од Ковид-19.
„Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Утре ќе се исплаќаат пензии со висина до 11.000 денари, во среда од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок ќе се исплаѓаат пензии во висина над 18.000 денари“, се вели во соопштението од МТСП.