Хотелот икона во Сараево: Ја преживеа опсадата, може ли и пандемијата?
![Хотелот икона во Сараево: Ја преживеа опсадата, може ли и пандемијата?](https://gdb.rferl.org/5FB7E0F3-4492-4AC9-8C02-BAA85F8A12D6_w800_h450.jpg)
Хотелот Холидеј Ин во Сараево стана иконски белег и симбол на опстанокот за време на опсадата на босанската престолнина 1992-95 година. За време на војната во Босна, хотелот остана отворен и стана база за странските новинари кои го покриваа конфликтот. Денес познат како Хотел Холидеј, зградата сега се соочува со друга егзистенцијална криза - пандемијата со ковид-19. Со драматичниот пад на туризмот и недостатокот на гости, хотелот е пред затворање. Но, како што пишуваат Уна Чилиќ и Џенана Карабеговиќ, новинарки на РСЕ, има знак на надеж откако босанската влада неодамна ги олесни ограничувањата за странските посетители.